-0.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Кузмановски: Ќе се бориме за Македонија, клуч ќе биде одбраната, без тоа нема победи

Македонскиот ракометен репрезентативец, бек и капитен, Филип Кузмановски, смета дека одбраната е таа која може да ни донесе добри резултати на претстојното Европско првенство кое почнува задутре, а нашите првиот меч го играат в петок.

„Имаме тешка група, но играме за Македонија, се бориме за Македонија. Имаме млад  тим и сакаме да се покажеме во добро светло на ова првенство. Сакам да им го пренесам искуството на моите соиграчи. Долго време сме заедно, три-четири години играме заедно и се познаваме меѓусебе. Тоа е наша силна страна. Клучот ќе биде одбраната, без одбрана нема да може да победуваме натпревари“, вели Кузмановски.

Во првото коло играме со најсилниот можен противник, домашната Данска, која е актуелен светски и олимписки првак.

„Мотивација е да се игра против Данска. Според мене, Данска е фаворит за титулата на ова ЕП. Ќе играме во Данска во полна сала, тоа ќе ни даде мотив. Ќе се бориме 60 минути, нашиот менталитет е таков, ќе сакаме да се покажеме пред толку многу публика oд Данска на трибините. Данска има многу големи имиња, Гидсел, Питлик, Лауге, Нилсен, тежок противник, но и мотивација“, додава Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести