Квалификации ЛШ: Минималец доволен за Олимпијакос, и Шериф оди понатаму (видео)

Олимпијакос се пласира во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите откако и реваншот против Нефчи во Баку го доби со минимални 1-0.  Стрелец на единствениот гол за грчкиот првак беше Масурас во деветтата минута.

Олимпијакос сега го чека подобриот од дуелот Лудогорец – Мура, каде што бугарскиот гигант води со 1-0 и има подобар вкупен резултат.

Во меѓувреме, Шериф Тираспол со сигурни 3-1 против Алашкерт го потврди пласманот во следната фаза, па сега се чека подобриот во реванш-дуелот меѓу Црвена ѕвезда и Каират Алмати, каде што српскиот првак води со 2-0, резултат кој го носи понатаму.

- Оглас -

Најнови вести