Квалификации за ЕП: Австрија ги шокира Швеѓаните, Шпанија „билдаше“ гол-разлика

На последниот ден од септемврискиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2024, во дербито на вечерта фудбалерите на Австрија ја шокираа Шведска, и тоа на гости.

Австријците славеа со 3:1 и направија голем исчекор кон освојување на едно од првите места на табелата во групата Ф коишто носат пласман на ЕП. Белгија, која славеше со 5:0 против Естонија, и Австрија имаат по 13 бода, додека Шведска е трета со шест освоени бода.

Грегорич во 53-тата минута го отвори резултатот, а победата ја завери Марко Арнаутовиќ со два гола постигнати во 56-тата и 69-тата минута.

Во последните моменти од средбата Холм го ублажи поразот.

Најубедливата победа ја оствари Шпанија, која со 6:0 го совлада Кипар, додека во истата група А, Норвешка со 2:1 ја совлада Грузија.

Резултати:

Група А
Норвешка – Грузија 2:1
Шпанија – Кипар 6:0
Табела: Шкотска 15, Шпанија 9, Норвешка 7, Грузија 4, Кипар 0.

Група Ц
Италија – Украина 2:1
Малта – МАКЕДОНИЈА 0:2
Табела: Англија 13, Италија 7, Украина 7, МАКЕДОНИЈА 7, Малта 0.

Група Ф
Белгија – Естонија 5:0
Шведска – Австрија 1:3
Табела: Белгија 13, Австрија 13, Шведска 6, Азербејџан 1, Естонија 1.

Група И
Израел – Белорусија 1:0
Швајцарија – Андора 3:0
Романија – Косово 2:0
Табела: Швајцарија 14, Романија 12, Израел 11, Косово 4, Белорусија 4, Андора 2.

- Оглас -

Најнови вести