Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, утре започнува пинг-понг натпреварот од серијата World Table Tennis Contender Skopje 2026.
Турнирот ќе трае до 7-ми јуни. Наградниот фонд изнесува 100.000 американски долари, а најпознати имиња кои ќе настапат се Дарко Јоргиќ од Словенија, рангиран на 14-то место во светот и четвртфинаалист на Олимписките игри во Токио 2021 (на ЛОИ во Париз 2024 беше осмифиналист), и Јапонката Сацуки Одо, која е 12-та во светот.

Натпреварите ќе играат преку цел ден, до вечерните часови, а влезот во салата е слободен, информираа од Пингпонгарската федерација на Македонија.

