Ќе биде чудно да се гледа Уругвај на СП без Суарес и Кавани во нападот

Објавен е конечниот состав на уругвајската фудбалска репрезентација за претстојното Светско првенство, а на списокот од 26 играчи не се наоѓаат најдобриот стрелец во нивната историја, Луис Суарес, и уште еден легендарен напаѓач на националниот тим, Единсон Кавани.

Суарес и Кавани играа на сите Светски првенства од 2010 година наваму, па првпат после 20 години на СП ќе ги нема во тимот.

Голманот Фернандо Муслера ќе влезе во историјата на уругвајскиот фудбал, ќе игра на своето петто Светско првенство и ќе стане Уругваец со најмногу Мундијали.  

На претстојното СП, Уругвај ќе биде во група со Шпанија, Саудиска Арабија и Зелено’ртските Острови.

Во отсуство на легендите Суарес и Кавани, во нападот ќе бидат Родриго Агире од Тигрес, Федерико Вињас од Овиедо и Дарвин Нуњез од Ал-Хилал. 

- Оглас -

Најнови вести