Квотата 50 за победа на Леклер и 70 за Фетел, покажува колку Ферари е зад Мерцедес

Валтери Ботас ќе тргне од пол-позицијата, но неговиот клупски колега Луис Хамилтон е главен фаворит за победа на денешната трка во Формула 1, за Големата награда на Австрија. Ова е прва трка од годинешниот шампионат, и веднаш Мерцедес се издвои од конкурентите. Најблиску до нов е Макс Ферстапен од Ред Бул, а најголемо разочарување е Ферари.

Шарл Леклер кој ќе стартува како седми, после квалификациите во Австрија, призна дека тимот на Ферари не е ниту блису до очекувањата кои ги имале за нивната брзина. Ферари имаше резултат за една секунда полош од лани на истата патека и тоа потврдува дека не само што не му се доближуваат на Мерцедес, туку дополнително се оддалечуваат. Себастијан Фетел се посрамоти, квалификациите ги заврши дури на 11-тото место, најлошо откако е во Ферари, тимот кој ќе го напушти на крајот на сезонава.

„Седмото место е најдоброто кое можевме да го постигнеме. Овој резултат не е тоа што го очекувавме. Не сме дури ни близу до очекувањата. Едноставно не сме доволно брзи. Треба да се трудиме упорно и да извлечеме максимум од постојниот пакет. Сите детали се важни“ – изјави разочараниот Леклер.

Шефот на Ферари, Матија Биното, истотака не го криеше разочарувањето.

„Знаевме дека стартот на сезоната ќе биде тежок за нас, но ситуацијата се покажа дека е посложена од тоа што мислевме. Треба да го анализираме многу внимателно секој аспект и да се обидеме да сфатиме зошто разликата е толку голема“ – рече Биното.

Според квотите во Sport Life, главен фаворит е Луис Хамилтон, за чија победа коефициентот е 2.20. Следуваат Ботас со 2.75 и Ферстапен со 4.50. Квотата за победа на Леклер е дури 50, а за Фетел е просто неверојатна, 70.

- Оглас -

Најнови вести