Квотата за Барселона европски првак уште е два и пол пати помала од таа за доминантниот Наполи

Четвртото коло во Лигата на шампионите ја доближи Барселона до испаѓање од елитата и преселба во Лигата на Европа, но според квотите за освојувач на Лигата на шампионите, Барса и понатаму котира многу добро.

Квотата за Барса дека ќе ја освои ЛШ е 13, а на пример, за Наполи, кој безмилосно гази и веќе е осминафиналист, квотата е 30.

Топ фаворити се Манчестер сити, ПСЖ, Баерн, Ливерпул и Реал Мадрид.

Најпријатно изненадување е белгискиот Клуб Бриж, кој по четири кола нема примено гол и веќе има обезбедено осминафинале. Квотата за европска титула на Бриж е дури 150.

- Оглас -

Најнови вести