Квоти на денот – Немаме пораз од Бугарија, денеска ќе им ја тресеме мрежата уште во првото полувреме

Младите македонски репрезентативци играат офанзивно и без многу респект под команда на Благоја Милевски, така беше и против фудбалските велесили Шпанија, Португалија и Србија на Европското првенство во Полска пред четири години, а во тој стил продолжуваат нашите таленти на возраст до 21 година.

Денеска од 16.30 часот Чурлинов и соиграчите ќе го играат последниот пријателски меч во Анталија против врсниците од Бугарија, а во Квоти на денот на Sport Life предлогот е да се одигра дека ќе постигнеме најмалку еден гол уште во првото полувреме.

Коефициентот е одличен, изнесува 2.10, а серијата на Македонија е девет меча во различни конкуренции на кои сме постигнувале барем по еден гол.

Имаме и добар биланс против нашиот источен сосед и сме без пораз на претходните три пријателски натпревари, кога успеавме еднаш да победиме со 1:0, а двапати одигравме нерешено, 1:1 и 0:0.

Вториот избор во Квоти на денот за понеделник е дуелот од Втората холандска лига меѓу Дордрехт и Телстар, а тука вреди да се одигра комбинација на голови, 1+I&3+ со коефициент од 1.85.

Во популарната Ерстедивизија се игра многу ефикасно, а двете екипи ќе играат за гол повеќе. Дордрехт е екипата со втората најлоша одбрана, примија дури 75 гола на 29 натпревари, а гостите доаѓаат без никаков императив бидејќи се далеку од плејоф-зоната, па се очекува ефикасен меч.

Во Сегунда во Шпанија има еден меч, а Мајорка е фаворит против Фуенлабрада. Тимот чиј член е и нашиот репрезентативец Александар Трајковски со победа може да се врати на лидерската позиција и да направи голем чекор кон промоција во Ла Лига.

Противник им е тимот што има најмногу нерешени дуели, точно 15, или половина од 30-те одиграни натпревари на Фуенлабрада, па тука изборот во Квоти на денот е да се одигра Х2&2+ за коефициент од 2.15.

Сите три натпревари може да се одиграат на ист тикет, а во Sport Life имате вкупна квота од 8.35.

 

 

- Оглас -

Најнови вести