Квотите на денот во Sport Life носат вкупен коефициент од 41

Во денешните Квоти на денот има интересни пет комбинации, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе ви донесат вкупен коефициент од 41.58.

Првиот предлот на Sport Life е дуелот меѓу Фиорентина и Сасуоло и има најмала квота 2.00. За тоа е потребно да одиграте дека ќе има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар.

Во Ла Лига денеска дербито ќе го одиграат Вилјареал и Реал Мадрид и тука предлогот е да одиграте на Кралскиот клуб. Реал Мадрид да остане непоразен, а притоа да даде најмалку два гола, носи коефициент 2.10.

Бешикташ пред своите гледачи ја пречекува Кашимпаша и тука играта е на голови. За играта Бешикташ да даде помеѓу еден и три гола во двете полувремиња, квотата е 2.30.

Јувентус е фаворит против Удинезе, но предлогот е наместо на конечен исход, да типувате на голови. Играта да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, носи коефициент од 2.10.

Последниот предлог е од холандската Ередивизија и натпреварот меѓу АЗ Алкмар и Витесе. АЗ е фаворит на овој натпревар и за „кецот“ зачинет со барем еден гол во првото полувреме, квотата изнесува 2.05.

- Оглас -

Најнови вести