Вечерва во италијанската престолнина Рим се игра финалето на Европското првенство во одбојка за мажи, а според квотите во Sport Life, дуелот ќе биде многу неизвесен и нема фаворит за победа.
Италија е бранител на трофејот, игра пред своите навивачи, но Полска на осумте меча досега на ЕП 2023, беше доминантна, победуваше или со 3-0 или со 3-1 во сетови.
Лани во финалето на СП, Италија во полскиот град Катовице ја победи Полска со 3-1, сега Полјаците ќе се обидат да се реваншираат во срцето на Италија. Аѕурите имаат серија од пет победи по ред против Полска на европските шампионати, но последен пат се сретнаа на ЕП уште во 2011 година.
Полска во јуни ја совлада Италија во Лигата на нации. Полјаците само во 2009 година биле европски прваци. Македонската репрезентација играше и против Полска и против Италија, губевме со по 0-3.