Гнабри има тешка повреда, можно е да не игра и на Светското првенство

Баерн Минхен доби многу лоши вести, а тоа е дека до крајот на сезоната сигурно нема да може да сметаат на Серж Гнабри. Еден од најдобрите фудбалери на баварскиот гигант заработи повреда во дуелот против Реал Мадрид во Лига на шампиони, а по направените лекарски контроли констатирано е дека претрпел руптура на адукторскиот мускул и ќе го пропушти полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ.

Баварскиот клуб не прецизираше колку долго ќе биде надвор од терените, само наведувајќи дека станува збор за „долгорочно“ отсуство. Уште позагрижувачки е фактот дека играчот од средниот ред би можел да го пропушти Светското првенство.

Иако сè уште не е официјално отпишан од Мундијалот, просечно закрепнување од тешка руптура на адукторскиот мускул трае шест до осум недели мирување пред да започне рехабилитацијата со полесни тренинзи.

Гнабри сезонава постигна 10 голови, а имаше и 10 асистенции во дресот на Баерн Минхен, кој денеска на свој терен во Минхен може да ја прослави новата титула во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести