„Л’Екип“: Ние Французите сме како идиоти, сите играат, а ние гледаме

Еден од најтиражните спортски весници во Европа, францускиот „Л’Екип“ во денешното издание објави жестока насловна страница во која го искритикува прекинот на фудбалското првенство во нивната земја. Француската е единствената од Топ-5 лигите во Европа која нема да го дочека крајот на сезоната 2019/20.

Германија, Шпанија, Англија и Италија се штиклирани како земји во кои веќе се игра или ќе се доигра сезоната, а Франција е пречкртана со крст. Француските власти забранија спорт до 31 август, но во меѓувреме дојде до промена и спортистите може да се појават на терен во средината на јуни. Затоа Французите се прашуваат дали се најголеми корона-идиоти на планетата?

ПСЖ е прогласен за првак, но клубовите ќе загубат 250 милиони евра. Да се имаше малку повеќе трпение, веројатно и француската лига ќе продолжеше, па ПСЖ и Лион поподготвени ќе излезеа на мегдан со ривалите во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести