Лајовиќ се избриша со пешкирот на Надал, па го молеше да му каже дека нема корона

За време на синоќешниот дуел од Мастерсот во Рим помеѓу Рафаел Надал и Душан Лајовиќ, имаше една смешна сцена, кога Србинот по грешка ја зеде крпата со која Шпанецот си ја брише потта. И сето ова среде пандемија од коронавирус, среде голем број мерки на претпазливост со цел некој играч да не се зарази.

Дуци случајно го зеде пешкирот на Рафа, и брзо се свести што направил, но ја сврте работата на хумор.

„Се надевам дека си негативен“ – му рече Лајовиќ на Надал.

Вториот светски рекет се насмеа и потврди: „Негативен сум“.

Надал го победи Србинот и вечерва во четвртфиначето игра против Диего Шварцман.

do_widget id=custom_html-5]

- Оглас -

Најнови вести