Лајпциг доби „крила“ во финишот за пресврт против Вердер (Видео)

Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг со два гола во последните минути од натпреварот, го совладаа Вердер со 2:1 во рамки на 32-то коло во Бундеслигата и се вратија на позиција на табелата која му гарантира учество во Лигата на шампионите.

Лајпциг со победата се искачи на третото место на табелата со 60 бода, еден повеќе од Унион Берлин, и четири повеќе од Фрајбург, на две кола до крајот на сезоната.

Вердер беше на добар пат да го изненади фаворитот откако во 70-та минута преку Битенкур поведе со 0:1. Голот може да го видите ТУКА.

Но, домаќинот не се предаде, фрли сè на една карта, на нападот, и таквиот пристап им се исплатеше бидејќи постигна два гола во последните моменти од натпреварот.

Прво Орбан во 87-та минута израмни на 1:1, а во шестата минута од судиското продолжение, Доминик Собослаи го постигна голот за победа и многу веројатно учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Головите на Ред бул Лајпциг може да ги видите на овој ЛИНК и на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести