Лајпциг руши рекорди за кои сонуваат и Баерн и Борусија

Лајпциг со 3:1 го победу Унион Берлин во меч на кој на кој домаќините на полувремето беа во негатива. Унион направи изненадување во првите 45 минути, но гостите не издржаа и во вториот дел примија три гола за нови три бода на Лајпциг.

Со оваа победа Лајпциг го задржа лидерското место во Бундес лигата со 40 бодови по 18 меча. Тимо Вердер е вистински лидер на Лајпциг. Вечерва даде два гола за вкупно 20 погодоци сезонава во првенството.

Со трите дадени гола, Лајпциг постави и еден рекорд. Тоа е првиот тим кој успеал да постигне по три гола на девет средби по ред во првенството. Вакво нешто досега не им успеало ниту на гигантите Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести