Лајпциг сурово му се одмаздува на Бриж, Реал и Спортинг најавија пат кон осминафинале (Видео)

Лајпциг сурово му се одмаздува на Бриж за поразот на домашен терен со 1:2 и вечерва за 45 минути им ја наполни мрежата на Белгијците на „Јан Брејдел“.

Нкунку, Форсберг и Силва во период од 15 минути ја погодуваа мрежата на домаќините за убедлива предност, а потоа домаќините ги декласира и Форсберг со уште еден гол за 4:0.

На првиот гол му кумуваа двата стопери на Бриж, кои се судрија на терен, а казни Нкунку во 12-тата минута.

Потоа погоди Форсберг од пенал во 17-тата минута, а домаќините ги докусурија Андре Силва со трет гол за Лајпциг во 27-мата минута и Форсберг со уште еден погодок во 45-тата минута.

На останатите шест меча, последни од петтото коло во ЛШ, по првото полувреме предност имаат и Реал Мадрид со 2:0 против Шериф во Тираспол и Спортинг, кој во Лисабон исто така води со 2:0 против Борусија Дортмунд.

На останатите натпревари нема голови.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести