Лалана го напушта Ливерпул, но останува во Премиер лигата

Адам Лалана, играчот за врска на Ливерпул, постигна договор со Брајтон на три години и наскоро следува преселба на „Амекс“ стадионот. Искусниот Англичанец ја завршува авантурата со Црвените и по крајот на сезоната ќе биде слободен играч, па ќе може без проблем да се пресели во тимот на Брајтон.

По шест години и четири освоени трофеи со Ливерпул, Лалана ќе заигра за трет тим во Премиер лигата (претходно ги бранеше боите на Саутхемптон), а англиските медиуми тврдат дека се согласил и на помала плата од онаа која ја заработува на „Енфилд“ со цел да потпише за Брајтон.

Интерес за поранешниот англиски репрезентативец покажа и Лестер, но Брајтон беше побрз во своите намери и си доби квалитетно и искусно засилување.

- Оглас -

Најнови вести