Лалињата брзо „расцветаа“ и водат со 2:0 против Американците

Холандија води со 2:0 по првото полувреме против САД, во воведниот меч од осминафиналните пресметки на Светското првенство во Катар. Мемфис Депај по само 10 минути успеа да донесе голема радост на Лалињата по асистенција на Думфрист.

По примениот гол, Американците ја преземаа иницијативата, повеќе ја имаа контролата на топката, но не успеаа да израмнат. Во моментите кога се чекаше да биде означен крај на првото полувреме, Холандија погоди по втор пат.

Овојпат Депај ја затресе мрежата на противникот, а асистент повторно беше Думфрист.

- Оглас -

Најнови вести