Лампард доби шут-карта, Евертон првата победа во 2023 година ќе ја брка со нов тренер

Френк Лампард повеќе не е менаџер на Евертон, објави „Дејли мејл“.
Управата на Евертон одлучи да му врачи отказ на Лампард по поразот од Вест хем во последното коло во Премиер лигата.

Евертон игра очајно сезонава, моменто се наоѓа на претпоследното место на табелата само со 15 освоени бода од 20 натпревари и новиот менаџер го чека тешка борба да обезбеди опстанок.

Лампард очајно тргна во 2023 година, Евертон загуби на сите четири натпревари. Последната победа ја оствари на 22 октомври, кога на „Гудисон парк“ го совлада Кристал палас со 3:0.

Лампард го предводеше Евертон точно една година откако на последниот дел од јануари 2022 година седна на клупата на Карамелите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести