Лампард се уплаши од Атлетико: Го добивме најтешкиот ривал

Челзи по три и пол години пауза, следниот февруари ќе се сретне со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Двомечот во осминафиналето ќе биде еден од најинтересните во првата рунда од нокаут-фазата.

Френк Лампард ја прокоментира ждрепката и смета дека Атлетико е најтешкиот можен противник за неговата екипа, со оглед на моменталната форма и искуството на Јорганџиите во меѓународните натпреварувања. Инаку од седум можни противници, Сините ја избегнаа Барселона.

„Атлетико е најтешкиот можен противник кој можеше да ни се падне. Тие се моментално најдобри во Шпанија, лани во оваа фаза го елиминираа Ливерпул, кој тогаш беше бранител на титулата. Треба да се земе предвид дека тимот на Симеоне е во одлична форма, а играчите имаат големо искуство во европските натпреварувања. Како и да е, го прифаќаме предизвикот. Против Атлетико имаме шанса да докажеме дека можеме да се надигруваме со најдобрите екипи“, кажа Лампард.

Атлетико и Челзи пред три години се сретнаа во групната фаза, одиграа реми од 1-1 во Лондон, додека Сините славеа во Мадрид со 2-1. Што се однесува за натпревари во нокаут-фазата, Атлетико го елиминира Челзи во полуфиналето од сезоната 2013/14.

- Оглас -

Најнови вести