Лампард се враќа во Челси и тоа како замена за Сари!

Франк Лампард многу веројатно дека ќе биде новиот тренер на Челси. Лондонскиот тим ќе остане без менаџер, бидејќи е јасно заминувањето на Маурисио Сари по завршување на финалето во Лигата на Европа против Арсенал. Се очекува Сари да биде нов тренер на Јувентус, а Лампард да пристигне на „Стемфорд Бирџ“.

За тоа колку е сигурно дека Лампард ќе биде новиот тренер, покажува и фактот дека поголем дел од обложувалниците во Англија веќе ги тргнаа квотите и не примаат уплати за обложување дека Лампард ќе се врати во Челси како тренер.

Лампард како играч во дресот на Челси помина 13 сезони во кои се радуваше на три титули во Премиер лигата, четири во ФА Купот, две во Лига Купот, две во Комјунити Шилд, како и по еден трофеј во Лигата на шампиони и Лигата на Европа. По завршување на кариерата, Лампард почна тренерска кариера во тимот на Дерби каунти. Токму овој клуб е на прагот да влезе во Премиер лигата. Дерби ќе игра во финалето на плеј-офот за влез во Премиер лигата против Астон вила.

Самиот Лампард не сака многу да зборува за шпекулациите дека ќе се врати во Челси.

„Имам уште две години од договорот со Дерби. По завршување на мечот со Астон вила ќе разговараме со претседателот, ќе ги сумираме резултатите и ќе одлучиме што ќе биде во иднина“, рече Лампард, кој како играч на Челси одигра 649 мечеви и даде 211 погодоци.

 

 

- Оглас -

Најнови вести