Лапорта со шут-карта за четворица фудбалери на Барселона

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, активно работи на ангажман на нови засилувања за следната сезона, пред се тоа се однесува на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, но „каталонците“ ќе мора и да се ослободат од неколкумина играчи за да направат простор за новите.

Шпанска „Марка“ тврди дека на трансфер-листата на Жоан Лапорта се четворица фудбалери, а едниот е големо изненадување. Прв на списокот е Ансу Фати, што е и очекувано. Следува Пабло Торе, кој е голем талент, но поради несогласувањата со Ханси Флик, ќе биде продаден.

Следен на списокот за продажба е Ориол Ромеу, кој минатата сезона беше позајмен во Жирона, но сега му е кажано дека за него нема место во Барселона.

Четвртиот фудбалер е и најголемото изненадување. Се работи за данскиот дефанзивец Андреас Кристијансен, кој ќе биде продаден поради честите повреди, иако важи за еден од најдобрите одбранбени фудбалери во редовите на „каталонците“.

- Оглас -

Најнови вести