Ласо ќе слави деценија на кралското столче

Долгогодишниот стратег на Реал Мадрид, Пабло Ласо, се согласи на нова соработка со клубот која ќе трае до 2021 година. Со новиот двегодишен договор Ласо ќе може да прослави цела една деценија на клупата на Кралевите, откако првпат го презеде кормилото во 2011 година.

Во изминатите осум сезони, Ласо го предводеше Реал до вкупно 17 трофеи, од кои пет се во шпанското првенство и две во Евролигата. Во последната сезона од новиот договор, Ласо ќе се запише во клупската историја како втор тренер по Лоло Сајнц, кој го предводел Реал најмалку во десет последователни сезони.

Потписот на Ласо ќе биде трет во таборот на Кралскиот клуб во изминативе неколку дена. Претходно, на нови договори се согласија Факундо Кампацо и Еди Таварес.

- Оглас -

Најнови вести