Лацио купи аматер кој го гледале како игра на улица!

Римски Лацио ангажираше 17-годишен фудбалер од Брегот на слонова коска, и тоа не би било ништо чудно, но Ларсон Кулибали никогаш не играл активно, туку го најдоа буквално на улица.

Орлите преку социјални работници слушнале за талентираниот и физички силен имигрант Кулибали кој сам дошол во Рим и живеел во тешки услови, и решија да му дадат шанса да стане професионален фудбалер. Кулибали ќе биде член на У-18 тимот на Лацио кој го предводи тренерот Томазо Роки.

Кулибали доби и италијански пасош, останува да се види дали ќе ја искористи прекрасната шанса која му беше укажана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести