Лацио купи дефанзивец од Милан „за џабе“

Лацио го официјалираше трансферот на Матео Мусакио од Милан, аргентинскиот дефанзивец пристигна на „Олимпико“ само за еден милион евра. Мусакио потпиша договор на шест месеци со клубот од Рим, но може да му се продолжи на уште две сезони, односно до јуни 2023 година.

Аргентинецот во летото 2017 година потпиша за Росонерите за сума од 18 милиони евра откако го напушти Вилјареал и беше стандарден првотимец до тешката повреда на глуждот, која го тргна од терените цели пет месеци, по што не успеа да се врати во составот на Пиоли.

Сега на 30 години доаѓа во Лацио како замена за еден од клучните играчи на Инѕаги, Луис Фелипе, кој подолго време ќе паузира поради повреда. Мусакио ќе има прилика да дебитира веќе во претстојниот викенд во второто последователно гостување на Лацио кај Аталанта, по вчерашниот пораз од 3-2 од Божицата во рамките од Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести