Јувентус минимално со 1:0 го победи Лацио, во дербито од осмото коло на италијанската Серија А. Старата дама ги израдува своите навивачи и тоа благодарение на автоголот што го постигнаа гостите.
Се играше 85 минута кога по еден центаршут, Џила несмасно реагираше и наместо да ја исфрли топката далеку од голот, ја смести во мрежата. На тој начин, одбраната на Лацио капитулираше во самиот финиш и не успеа да издржи во мечот на кој од 24 минута беше со играч помалку по исклучувањето на Ромањоли.
Погодокот што донесе три бода за Јувентус може да го видите ТУКА.
Gol es gol. #JuveLazio 1-0
— BianconeriZone (ESP) (@BianconeriZonEs) October 19, 2024
Јувентус уште еднаш ја покажа својата непробојна одбрана. Старата дама во осум меча има примено само еден гол и тоа од пенал. Гигантот од Торино е единствен без пораз во Серија А.