Лацио со пенал ги врати надежите за пласман во ЛШ

Лацио со минимални 1-0 славеше против Емполи во мечот од рамките на 23-тото коло во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги до трите бода стигнаа преку погодок од белата точка, кој го реализираше Каиседо во 22-рата минута од мечот.

Тоа беше доволно за Лацио да запише втора победа во низа и да ги врати надежите за пласман во Лигата на шампионите. Сега имаат 38 бода, два помалку од Интер, а два повеќе од Милан, па на 15 кола до крајот на шампионатот, борбата за местата кои водат во Европа станува сè понеизвесна.

https://www.dailymotion.com/video/x721alu

- Оглас -

Најнови вести