Лацио треба да бира: Нова трева на „Олимпико“, или нов тренер!

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, се пожали дека теренот на „Олимпико“ во Рим е многу лош и не дозволува неговата тактика да биде применета од тимот, па испрати порака до раководството на Орлите да се подобри тревникот, во спротивно, нека си бараат нов тренер.

„Јас сум тренер кој сака неговиот тим да има барем 700 додавања во текот на еден натпревар. Такво нешто е невозможно на ваков терен. Ако теренот остане каков што е сега, клубот нека си бара друг тренер“, рече Сари по ремито без голови против Удинезе, а поради повреда, мечот предвреме го заврши Чиро Имобиле.

Агрономот на Серија А, Џовани Кастели, рече дека ќе оди во Рим да се увери колку е лош теренот, а според него, проблемот на „Олимпико“ е што во октомври има густ календар и многу мечеви, но теренот не е директна причина за зголемениот број повреди.

- Оглас -

Најнови вести