Лаутаро е како бик, полудува и дава голови кога ќе види противник со црвена боја на знамето (Видео)

Аргентина и без Лионел Меси, успеа да победи, совладан е Перу со 2-0, во третото коло од групната фаза на Копа Америка. Аргентинците со максимални 9 бода и без примен гол одат во четвртфиналето, а таму противник ќе им биде Еквадор или Мексико.

Победата на Аргентина над Перу им ја донесе Лаутаро Мартинез кој ги даде двата гола и сега има четири погодоци на трите меча на годинешната Копа Америка. Напаѓачот на Интер е во топ форма, а можеше да направи и хет-трик ако му дозволеа да го изведе пеналот кој не го реализираше Леандро Парадес на кој му беше роденден.

Прекарот на Лаутаро е Бик, а тој на оваа Копа Америка навистина се однесува како бик, сите ривали во групата имаат црвена боја на знамето (Перу, Канада и Чиле), а црвената боја ги дразни и лути биковите.

- Оглас -

Најнови вести