Лавот не знае да се штеди, Адеми повторно се повреди

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повреди на вечерашниот меч Динамо Загреб – ЦСКА Москва, па беше повлечен од игра во 35-тата минута. Капитенот на Динамо при еден трк, со болна гримаса на лицето се фати за задниот дел на бутниот мускул на ногата и тргна кон аут-линијата за да биде заменет.

Доколку е истегнување на мускул, тоа обично значи пауза барем три недели, што значи дека Адеми веројатно веќе нема да игра фудбал во оваа 2020 година.

На големиот борец кој никогаш не се штеди, туку секогаш дава максимум и кога игра и повреден, му посакуваме побрзо закрепнување и што поскоро враќање на зелениот терен.

- Оглас -

Најнови вести