Фудбалерите на Пелистер забележаа триумф од 2-0 над директниот конкурент за опстанок, Македонија ЃП, на домашен терен во 28-мото прволигашко коло.
Битолчани до победата дојдоа со два гола во второто полувреме. Најпрво погоди Мирко Ивановски во 49-тата миута, а вториот гол беше дело на српскиот интернационалец Милан Србијанац во 72-рара минута.
Македонија ЃП играше со фудбалер помалку од 59-тата минута поради исклучувањето на Гереро.
Пелистер сега има 29 бода, четири повеќе од Работнички во зоната за испаѓање и плус пет во однос на „лавовите“ од Скопје. Битолчани имаат заостанување од шест бода од Арсими, кој е седми и на позиција која носи директен опстанок во Првата лига.

