Лука Модриќ во септември ќе наполни 41 година, но очигледно е дека Хрватот не размислува да се повлече од големата сцена. Еден од најдобрите играч во последниве две-три децениил, пред почетокот на оваа сезона пристигна во Милан и тоа како слободен играч од Реал Мадрид. Модриќ постигна договор на 1+1 сезона, а со игрите во изминативе неколку месеци покажува дека уште е меѓу најдобрите.
Сите чекаат Хрватот да го продолжи договорот, но тој има три услови пред да стави потпис за останување меѓу Росонерите. Како прв услов на Модриќ е тимот да се квалификува за настап во Лигата на шампионите. Милан е третопласираната екипа и е на добар пат да го оствари тој прв услов.
Вториот услов е Масимилијано Алегри да остане тренер. Модриќ има одличен однос со искусниот тренер и верува дека тој е вистинската личност за продолжување на проектот.
Третиот и најважен услов се засилувањата. Модриќ верува дека Милан мора да ги задржи своите најдобри играчи, дека Рафаел Леао треба да остане, а дека клубот треба да инвестира во засилувања. Пораката на Модриќ е јасна – Милан не треба само да биде учесник во натпреварувања, туку да биде конкурентен во секое од нив, што е став што недостасуваше на Сан Сиро во последните години.

