Лавовите ќе чекаат помош од Силекс, а треба да го надиграат Вардар за пласман во Европа

Гостувањето на Македонија Ѓорче Петров кај Вардар во последното коло од ПМФЛ е од голем значај за Лавовите кои целат на третото место и пласман во квалификациите за новото натпреварување на УЕФА, Лигата на конференции.

Тимот од Ѓорче Петров ќе треба да слави на арената „Тодор Проески“ во скопското дерби против веќе испаднатиот Вардар, а воедно ќе чека помош од Силекс и триумф на кратовци против Струга Трим Лум, за да биде меѓу топ 3 екипите во домашното првенство.

Македонија заостанува два бода од третото место кое моментално припаѓа на струшката екипа, а дуелот во Кратово е важен и за домаќините кои се борат за опстанок и за да не играат плејоф, се надеваат дека Академија Пандев нема да триумфира против Борец.

Во останатите дуели, Шкендија го пречекува Шкупи во Тетово во меч кој е само формалност за новите наши претставници во Европа. Ренова е домаќин на Работнички, а во Битола Пелистер ќе ја пречека Беласица.

- Оглас -

Најнови вести