Лавовска победа на Билбао, Барса издиша во продолженијата (Видео)

Браќата Ињаки и Нико Вилијамс со голови во продолженијата му донесоа победа на Атлетик Билбао од 4-2 во четвртфиналето на Купот на Шпанија против Барселона и го елиминираа фаворитот од Каталонија.

По регуларните 90 минути беше 2-2, и тоа откако Лавовите поведоа во првата минута, па Барса направи пресврт, пред Билбао да израмни.

Во екстра периодот, домашните имаа повеќе сила и заслужено одат понатаму, заедно со Мајорка, Реал Сосиедад, додека четвртиот патник во полуфиналето ќе биде Атлетико Мадрид или Севилја. Билбао уште од 2003 не е елиминиран во купот, кога се играл само еден меч без реванш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести