Лазаров: Момците беа одлични, борбени и го спроведоа тоа што го работевме на подготовките

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници на денешниот контролен натпревар против Црна Гора.

Иако резултатот не беше во преден план, Македонија славеше со 39:37, а Лазаров е задоволен од борбеноста и од желбата со која неговите избраници влегоа во натпреварот.

„Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките.
Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар. Играчите ќе добијат заслужен одмор. Со работа продолжуваме на 2. јануари“.

- Оглас -

Најнови вести