Лазаров најавува: Во овие квалификации младите да се докажат

Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир, во пресрет на мечевите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. „Црвено-жолтите“ отвораат против Турција на дуел во Битола, а потоа следи гостување на Грција. Тоа се селекции кои очигледно се многу послаби од нас, па затоа треба да се очекуваат и две сигурни победи.

Капитенот Кирил Лазаров вели дека овие квалификациски дуели ќе бидат добра увертира за тоа да се види како напредуваат младите играчи, кои ќе треба да дадат свој придонес и на  следното Светско првенство, кое во јануари Македонија ќе игра во Германија.

„Во овие евро квалификации влегуваме како фаворити. Со сета почит кон Грција и Турција, но тоа се репрезентации поротив кои мораме да очекуваме лесни победи, секако доколку влеземе во натпреварите онака како што се очекува од нас и одиграме максимално. На овие средби шанса треба да добијат помладите, но тие ќе мора да превземат и одговорност, да си ја зголемат самодовербата во пресрет на Мундијалот во Германија. Многу пати ни се случувало на големите натпреварувања да ни недостасува ротација, па затоа овие две средби се важни, за некои други ракометари да се наметнат за позналајна улога во националниот тим“, рече Лазаров.

Билетите за дуелот во Битола кој ќе се игра на 25 октомври, веќе се распродадени, што значи дека се очекува одлична атмосфера во која Македонија треба победнички да го започне походот за пласман на уште едно Европско првенство. Покрај Турција и Грција, во група со Македонија е и Исланд. Првопласираните две селекции ќе обезбедат директен пласман на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести