Лазаров: Оваа Македонија со осуммина млади играчи мора многу да работи ако сакаме да бидеме на нивото како некогаш

По поразот од Аргентина, селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, вели дека е разочаран затоа што не е реалност да се загуби трипати со толку голема разлика. Според Лазаров, подмладениот состав мора многу да работи за да се стигне нивото на кое националниот тим беше во изминатата деценија.

„Честитки до Аргентина, ја заслужија победата. Можеби ова е реалноста, пред почетокот на Светското првенство подобро котираше од нас. Во овој момент е подобра од нас, видовме дека оваа Македонија со осуммина млади играчи, кои се за првпат на големо првенство, ќе мора да работат многу за да бидат добри. Очекував дека ќе изгубиме три гола, но трипати да се изгуби ваква разлика не е ралност. Со притистокот што го имаат на ова првенство не знаат да се носат. Не сум задоволен, мора да работиме многу ако сакаме да направиме новата генерација како порано“, изјави Лазаров по третиот пораз на СП во Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести