Леандро Паредес е нов играч на ПСЖ

ПСЖ го официјализираше транферот на Леандро Паредес од Зенит за сума од 40 милиони евра. Аргентинскиот интернационалец потпиша важечки договор со „светците“ до јуни 2023 година, според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.

Францускиот првак веќе извесно време трагаше по ваков тип играч за врска, откако проблемите со повреди и деградирањето на Рабио во резервите го оставија Томас Тухел без опции во средината. Паредес беше желба и на Челзи, но ПСЖ излезе со конкретна понуда која ниту Зенит, а ниту самиот фудбалер не можеше да ја одбие.

Аргентинецот во дресот на Зенит одигра 61 натпревар, на кои забележа 10 погодоци и 15 асистенции, додека во кариерата ги бранеше боите на Бока јуниорс, Рома и привремено Емполи.

- Оглас -

Најнови вести