Леао е оптимист: “Можам да ја освојам Златната топка како фудбалер на Милан“

Репрезентативецот на Португалија, Рафаел Леао, важи за најдобар и најскап фудбалер на Милан. Многумина сметаат дека фудбалерот треба да оди во поквалитетен клуб со кој би освојувал трофеи, па дури и да конкурира за освојување на Златната топка, но Леао не мисли така и убеден е дека може да биде најдобар и како играч на Милан.

– “Останав бидејќи Милан ми помогна да ги остварам сите мои цели. Заедно освоивме Скудето и станав подобар играч. Чувствувам дека сум зрел, се чувствувам како лидер на оваа екипа. Мислам дека одлуката да останам беше најдобрата во овој момент, бидејќи имам уште многу да постигнам. Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите и да ја освојам Златната топка.“ – изјави Леао за ЕСПН.

Леао во Милан пристигна пред четири години од Лил за 29.5 милиони евра, а неговата моментална вредност е 90 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести