Леао го имитираше легендарното загревање на Марадона (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео на кое Рафаел Леао од Милан пред меч се загрева во стилот на Диего Марадона пред 35 години.

Португалецот кој игра за Роосонерите е снимен додека жонглира и ја контролира топката со нога и глава, има споредба со тоа што го правеше славниот Марадона. Постојат сличности, но разликите се огромни и за навивачите на Наполи, споредбата на Леао со Марадона е навредлива, несериозна и богохулие за фудбалот.

Плус тоа, „лабавото“ загревање на Леао е на обичен лигашки меч против Лече, а Марадона тоа го правеше во 1989 година пред натпреварот против Баерн Минхен од полуфиналето на Купот на УЕФА (денешна Лига на Европа).

- Оглас -

Најнови вести