Леао пристигна во Милано, ќе биде ли следен на ред Трајковски?

Рафаел Леао пристигна во Милано и ако сè биде во ред на закажаните медицински прегледи утре, Португалецот од Лил ќе потпише договор со Милан.

Леао е четвртото летно засилување за популарните „росонери“, а можно е следен на ред да биде македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Досегашниот играч на Палермо е слободен играч откако клубот од Сицилија беше префрлен во понизок ранг, па би бил исплатлива инвестиција за Милан.

Медиумите во Италија објавија дека Милан е заинтересиран за Трајковски, кој би бил засилување за повеќекратниот италијански и европски првак на крилната позиција.

Засега сè уште нема конкретни преговори, но преодниот рок сè уште е во тек и постои варијанта Трајковски да пристигне во Милано и да го облече црвено-црниот дрес на Милан.

- Оглас -

Најнови вести