Леброн Џејмс го прекина мечот на кој играше неговиот син (Видео)

Леброн Џејмс сезонава немаше големи обврски во НБА-плејофот откако сè уште актуелниот првак испадна во раната фаза од разигрувањето за трофејот. Затоа Леброн повеќе се фокусираше на мечевите на неговиот син Брони, а на последниот меч НБА-ѕвездата направи инцидент.

Се играше последната минута кога официјалниот спикер искоментира дека Брони добил фаул затоа што салата во која играат го носи името на неговиот татко. Тогаш Леброн стана од столчето и влезе во теренот започнувајќи расправија со спикерот. Тука беа и полцајците, кои, за среќа, немаа потреба да реагираат.

https://youtu.be/BRwj0-3EkTY

Тимот за кој настапува синот на Џејмс го загуби мечот со 69:73, и тоа по петминутно продолжение.

Во НБА-лигата вечерва стартуваат возбудувањата во големото НБА финале, каде што за трофејот ќе играат Феникс санс и Милвоки бакс. Квотите за овој меч може да ги најдете во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести