Леброн се врати на теренот и со трипл-дабл ги водеше Лејкерси до трилер победа (ВИДЕО)

Леброн Џејмс се врати на терените по пауза од речиси две седмици, опоравувајќи се од повредата на коленото.

„Кралот“ со трипл дабл од 29 поени, 13 скокови и 10 асистенции беше најдобар во победата над Њујорк никс и тоа по продолженија од 122:115.

Интересно е што на само неколку секунди пред крајот на регуларниот дел, Лејкерси водеа 111:106, а во два напади гостите израмнија преки Ер Џеј Барет, кој набрзина даде пет поени, но, сепак гостите од Њујорк немаа сили за комплетен пресврт во продолжението.

НБА

Шарлот хорнетс – Мајами хит 86:104

Вашингтон визардс – Феникс санс 80:95

Лос Анџелес лејкерс – Њујорк никс 122:115 (111:111)

Портланд трејлблејзерс – Милвоки бакс 108:137

Сакраменто кингс – Оклахома сити тандер 113:103

- Оглас -

Најнови вести