15.8 C
Skopje
недела, 4 јануари 2026

Лече го изненади Јувентус, Џонатан Дејвид ќе жали за нереализираниот пенал (Видео)

Jувентус и Лече ремизираа 1-1 во 18-тото коло на Серија А, а вечерва главен херој на гостите беше голманот Владимир Фалконе.

Старата дама ја имаше контролата во првото полувреме, создавајќи низа шанси – Дејвид, Меккени, Камбијасо и Локатели се обидуваа, но Фалконе и среќата ги спасуваа гостите.


А потоа, во судиското продолжение на првото полувреме, Лече шокираше. Камбијасо направи катастрофална грешка, а Ламек Банда мајсторски ја погоди мрежата за 0-1.

Јувентус одговори веднаш по паузата. По акцијата на Локатели и Жегрова, топката стигна до Кенан Јилдиз, чиј удар го одби Фалконе, но повторно Меккени беше на вистинското место и израмни за 1-1.

Најдобрата шанса за целосен пресврт дојде во 66-тата минута, кога по играње со рака на гостите, Јувентус доби пенал. Дејвид, сепак, ја пропушти шансата – Фалконе одбрани и го зачува нерешениот резултат.

Последната шанса ја имаше Кенан Јилдиз во 90+4 минута, но неговиот удар заврши во дирекот.

Јувентус со 33 поени останува на петтата позиција, додека Лече е 16-ти со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести