Лече стави крај на лошата резултатска низа во Серија А и по подолг период оствари победа. На домашен терен Лече славеше против Верона со 1-0. Гостите го завршија мечот со деветмина фудбалери, а стрелец на победничкиот гол за Лече беше Патрик Доргу во 51-вата минута.
Болоња стигна до гостински триумф против Каљари (0-2). Орсолини во 35-тата минута обезбеди предност, а Одгард на почетокот на вториот дел го удвои водството, што на крајот резултираше и со освојување на три бода.