Легенда до легенда, фотографија од Мајами го обиколи светот (Фото)

Гран прито на Мајами во Формула 1 привлече многу спортски мегаѕвезди, а пред гаражата на Мерцедес беше направена една од најлегендарните фотографии, која го обиколи светот преку социјалните мрежи.

На исто место се корекордерот по бројот на титули во Формула, најдобриот кошаркар во историјата и шесткратен НБА-првак, еден од најпопуларните фудбалери во историјата, а сега газда на клуб од Мајами, и најуспешниот во историјата на НФЛ-лигата во американски фудбал.

Луис Хамилтон, Мајкл Џордан, Дејвид Бекам и Том Брејди. Елита, зборови не се потребни.

- Оглас -

Најнови вести