Легендарен скок: Моментот кога Роберто Карлос со 168 см. го доби дуелот со џинот од 202 сантиметри (Видео)

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос ќе биде запамтен како еден од фудбалерите со најсилен шут. Карлос играше на позицијата лев бек, но често знаеше да биде и во нападот, а неговите слободни удари беа страв за секој противнички голман.

Освен многуте прекрасни погодоци кои ги постигнуваше, Карлос ќе биде запамтен и по една неверојатна интервенција во одбраната. Се случи тоа на мечот Реал Мадрид – Борусија Дортмунд. Во нападот на Борусија беше 202 сантиметри високиот Јан Колер.

Фудбалскиот џин беше најопасен во дуел играта и многу голови постигнуваше со глава. Карлос кој е висок 168 сантиметри, во дефанзивната задача, требаше да се справува со 34 сантиметри повисокиот противник. Во еден напад на Борусија, Евертон продре по десната страна и центрираше на местото каде што натрчуваше Колер.

Сепак, пред Колер во последен момент се појави Карлос. Иако дури 34 сантиметри понизок од Колер, Бразилецот успеа да ја удри топката пред голгетерот на Борусија и на тој начин да спаси речиси сигурен погодок за Милионерите. Многумина овој дуел го нарекоа и дуел на Давид и Голијат, а Карлос покажа дека никогаш не смее да се откажеше.

Дуелот се одигра на 22 ноември 2003 година во рамките од Лигата на шампиони, а на крајот беше 1:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести