Легендарниот 45-годишен украински тренер на голманите повикан вечерва да брани против Франција

Проблемот со тројцата заразени украински голмани го натера селекторот Андриј Шевченко да направи еден чуден потег, во националниот тим за вечерашниот пријателски меч со Франција го повика тренерот на голманите, 45-годишниот Олександер Шовковски. Шовковски е најдобриот украински голман во историјата, 20-тина сезони бранеше за Динамо Киев, му беше соиграч на Шевченко, но се повлече во 2016 година.

Шовковски прифати да биде во составот, пропозициите му го дозволуваат тоа, но изјави дека нема намера да брани и местото меѓу стативите ќе му го препушти на Георги Бушчан.

- Оглас -

Најнови вести