Легендарниот Карлос Тевес има нов клуб, ќе го води аргентинскиот великан (Видео+Фото)

Легендарниот аргентински напаѓач Карлос Тевес има нов клуб и во иднина од клупата ќе го предводи Индепендиенте.

Поранешниот фудбалер на Бока јуниорс, Коринтијанс, Вест хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус и Шангај прифати голем предизвик и целта ќе му биде да го врати клубот во врвот на аргентинскиот фудбал, со оглед на тоа дека последната титула ја освоија во далечната 2002 година.

Тевес откако ја заврши играчката кариера, четири месеци беше тренер на Росарио сентрал.

- Оглас -

Најнови вести