Легендарниот Колина ја откри тајната по речиси 20 години од големо финале на СП (ФОТО)

Пјерлуиџи Колина е еден од најдобрите судии, ако не и најдобар во историјата на фудбалот. Легендарниот италијански арбитер сега е главен на судиите во Европа, а во едно интервју откри тајна од финалето на Светското првенство во 2002 година.

„На финалниот меч меѓу Бразил и Германија намерно оставив да се играат 20 секунди повеќе од судиското продолжение, а тоа беше за да се осигурам дека ќе бидам блиску до топката.

Кога беше така, свирнав и веднаш тргнав да ја земам. Таа е една од најскапоцените работи кои што ги имам во мојата колекција“, изјави Колина.

За потсетување на носталгичарите, на тоа финале Бразил ја совлада Германија со 2:0 и стигна до својата петта и засега последна титула од Мундијалите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести